Прва апликација за читање и слушање книги во Македонија!

Следејќи ги светските трендови за интерактивен и иновативен начин на читање книги, тимот на „Бокси” од Скопје ја разви првата македонска мобилна апликација за читање и слушање книги - Boksy!

Апликација за СИТЕ!

Апликацијатa е наменета за сите возрасти. Во неа има голем број книги на македонски, англиски и на албански јазик од македонски и странски издавачки куќи кои ќе можат да се читаат или слушаат како аудиокниги на мобилните уреди. Покрај книги, апликацијата содржи и многубројни едукативни квизови, дневни и неделни предизвици, креирање сопствени аватари, како и можност за натпреварување и освојување уникатни награди за оние што најмногу читаат.

Нашите партнери