Често поставувани прашања

ПРЕЗЕМАЊЕ НА БОКСИ АПЛИКАЦИЈАТА

Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.

Внеси ја твојата е-маил адреса и лозинка.

Во поставки избери "Одјави се"

ПРЕТПЛАТА И ПЛАЌАЊЕ

  • Кликни на "Регистрираj се"
  • Внеси валидна е-маил адреса
  • Прифати ги општите услови и политиката на приватност
  • Кликни на "Кон Претплата"
  • Внеси ги бараните детали за твојата картичка
  • Најави се на Boksy апликацијата и уживај!

Дебитна и кредитна картичка.

Кодот кој го имаш добиено преку А1, потребно е доколку имаш направено регистрација да се најавиш на нашата веб страна, доколу не потребно е да се регистрираш со твојата емаил адреса и потоа на твојот профил да одбереш 'Кон активација', потоа одбери 'Активирај преку A1' и внеси го кодот. Откако успешно ќе го активираш кодот потребно е да се најавиш на апликацијата за да имаш целосен пристап до ексклузивната содржина на Бокси.

Да, доколку креираш профил од самата апликација тогаш влегуваш во "Explore Mode" каде што ја користиш апликацијата без да платиш или оставиш детали за твојата картичка. Се додека си во "Explore Mode" нема да имаш пристап до целосната содржина на Бокси.

  1. Регистрација за прв пат: Ако си нов корисник што прв пат регистрира профил преку апликацијата, може да наидеш на начин на претплата преку Google Play Store / Apple Store за време на првичното креирање на профил. Оваа претплата ги отклучува премиум функциите и обезбедува пристап до ексклузивната содржина на Бокси.

  2. Последователни отварања на апликацијата: За време на последователните отварања на Бокси, екранот за претплата во самата апликација се прикажува континуирано се додека ја користиш апликацијата во режим на истражување (Explore Mode).

Доколку си регистриран/а преку апликација и плаќањето го имаш извршено преку твојот Play Store или App Store, тогаш ќе биде потребно да ја откажеш претплата на самиот уред.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОФИЛОТ

  • Притисни на "Ја заборавив лозинката"
  • Внеси ја твојата е-маил адреса
  • Внеси го кодот кој ќе го добиеш на твојата е-маил адреса

  • На апликацијата кликни на "Поставки"
  • Кликни на 'Приватност'
  • Кликни "Избриши Профил"
  • Ќе се појави прозорче каде ќе треба да потврдиш дека сакаш да го избришеш твојот профил. За да го избришеш твојот профил избери "Да".

Сите твои податоци ќе се избришат со бришење на твојот профил. Тоа значи дека следниот пат кога ќе сакаш да се најавиш ќе треба да креираш нов профил. Избришаниот веќе нема да ви постои.

  • Кликни "Поставки"
  • Кликни "Интереси"
  • Мора да избереш најмалку 3 интереси. Откако ќе ги промениш притисни "Продолжи"

Твојот профил можеш да го најавиш на максимално 2 (два) уреди. Доколку се обидеш да најавиш 3 (три), за тој уред нема да биде дозволена најава. Доколку имаш потреба да отстраниш уред, истото ќе можеш да го направиш на веб страната https://www.boksy.app/mk. Најави се со твојот профил и одбери 'Менаџирај уреди' и одбери кој уред сакаш да го отстраниш од листата.

СЀ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА БОКСИ

Boksy е првата апликација во Македонија која е исполнета со голем број книги на македонски, англиски и на албански јазик кои ќе можат да се читаат или слушаат на мобилните уреди. Покрај книги, апликацијата содржи и многубројни едукативни квизови, креирање сопствени аватари, како и можност за натпреварување и освојување уникатни награди за оние што најмногу читаат. Развојот на мобилната апликација Boksy е поддржан од Фoндот за иновации и технолошки развој.

Освоените парички може да ги искористиш во детскиот маркетот на Бокси каде што ќе може да го опремиш сопствениот аватар со колекцијата од забавните додатоци.

На топ листата може да се видат сите Бокси корисници за оваа недела, месец и на годишно ниво кои се натпреваруваат со своите поени.

  • На нашата веб страна под "Библиотека" може да ги погледнеш сите наслови кои што се достапни на нашата апликација. -Кога ќе ја отвориш апликацијата на самиот екран ќе здогледаш лупа, и откако ќе ја кликнеш ќе ти се отвори нашата библиотека каде што ќе може да ја пронајдеш бараната книга.

Кога ќе ја отвориш книгата долу во десниот агол има "Aa" копче. Откако ќе го кликнеш ќе имаш можност да ја промениш големината на фонтот, како и бојата на позадината.

За да можеш да ги размениш твоите парички за ваучер, потребно е да имаш доволно парички на твојот профил и потребно е да има достапни купони во моментот на размената. Потоа провери ја твојата е-маил адреса, треба да го добиеш разменетиот ваучер.

Контактирај го тимот на Бокси на: support@boksy.app